Независната истрага не ја утврди причината за исчезнувањето на летот МХ370

Од:

Група независни експерти кои беа ангажирани да ја испитаат судбината на исчезнатиот лет на „Малезија Ерлајнс“ МХ370 од 2014 година од Куала Лумпур до Пекинг, соопштија дека не успеале да ја откријат причината за несреќата.

– Тимот не ја утврди вистинската причина за исчезнувањето на летот МХ370, изјави првиот човек на групата Кок Су Чон.

Се потврдија првичните информации дека авионот ја променил насоката на движење и седум часа возел во новата насока, по што се губи секаков контакт со него.

Не е исклучена можноста да имало надворешен фактор кој влијаел во исчезнувањето на авионот, но не е утврдено каков. Исто така, се наведува дека не е исклучено во исчезнувањето да е вклучена и трета страна. Според наодите од извештајот од 495 страници, промената во курсот на авионот е направена рачно, што ја исклучува хипотезата дека авионот можеби бил киднапиран од далечина.

Групата проценува дека најверојатната локација на уривањето на леталото со 239 патници и членови на екипажот е некаде над јужниот дел на Индискиот Океан. Претходно оваа година, и второто пребарување на компанијата „Оушн Инфинити” по остатоците од авионот не даде резултати. Тоа траеше три месеци и заврши на 29 мај. Пребарувањето покривало површина од 112.000 квадратни километри во јужниот дел на Индискиот Океан.

Малезиските власти информираат дека ова не е крај на истрагата за исчезнувањето на авионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски