Невладините организации ветија помош од 192 милиони долари на сириските цивили

Од:

Невладините хуманитарни организации денеска во Кувајт ветија 192 милиони долари помош на сириските цивили погодени од граѓанската војна.

Домаќин на меѓународниот собир на невладини организации беше Меѓународната исламска хуманитарна организација на Кувајт.

Околу 77 локални, регионални и светски невладини хуманитарни организации учествуваа на тој еднодневен собир.

Во Кувајт утре ќе биде отворена Меѓународна хуманитарна конференција, под покровителство на ОН, со цел да се соберат 1,5 милијарди долари помош за околу пет милиони Сиријци погодени од 22-месечниот конфликт во земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град