Неверојатна глетка: Фока бега од челуста на бела ајкула

Од:

Фотографиите кои ги снимил Дејвид Џенкис (41) од Даблин, Ирска, прикажуваат колку една фока била близу до смртта во водите на Кејптаун, Јужна Африка, каде била нападната од голема бела ајкула, која уште ја нарекуваат и „летечка челуст“.

Малата фока за влакно го избегнала стисокот на острата челуст на ајкулата, балансирајќи едно време на носот на ајкулата, по што паднала назад во океанот и побегнала во длабочините.

– Фоката со својата група се враќала назад на Островот на фоките по хранењето во морето, а ајкулите пливаа токму под нив. Ајкулите имаат одлична камуфлажа, нивниот темен грб им оневозможува на фоките да ги видат кога ќе погледнат во темните длабочини. Кога ќе одлучи да нападне ајкулата може да убрза и до 40 километри на час кревајќи се во воздух може да го голтне својот плен – навел Џенкис кој во водите на Кејптаун снимал големи бели ајкули.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он