Нелсoн Мандела успешно опериран од камен во жолчката

Од:

Нелсон Мандела имаше успешна операција на отстранување на камен во жолчката, пренесоа американските медиуми, цитирајќи ја канцеларијата на претседателот на Република Јужна Африка.

Според институцијата, операцијата врз 94-годишниот Мандела била изведена денеска.

Мандела е во болница од 8 декември заради белодробна инфекција, но лекарите морале да го подложат на хируршка интервенција нивниот омилен поранешен претседател и борец против расизмот.

-Процедурата беше успешна и Мадиба (како што го нарекуваат Мандела неговите сонародници) заздравува, се посочува во изјавата на претседателството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија