Нелсoн Мандела повторно примен во болница со белодробна инфекција

Од:

Првиот црн претседател на Република Јужна Африка (РЈА) Нелсон Мандела повторно е примен во болница со белодробна инфекција, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на изјава на владата.

Мандела (94) бил хоспитализиран непосредно пред полноќ. Повеќе детали не беа дадени, а само се уверува дека историскиот лидер на борбата против апартхејдот во РЈА го добива најдоброто можно лекување.

Мандела и претходно овој месец на кратко беше сместен во болница заради лекарски прегледи.

Добитникот на Нобеловата награда за мир за 1993 година три недели во декември беше хоспитализиран заради белодробна инфекција. Тогаш му беше направена и операција за отстранување на камења од жолчката.

Тоа беше најдолгиот престој на Мандела во болница, откако во 199о година беше ослободен, по 27 години минати во затвор, заради својата борба против режимот на расна сегрегација во РЈА.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски