Неформален самит на ЕУ за украинската криза, борбата со тероризмот и за економската сотојба

Од:

Лидерите на членките на Европската унија ќе имаат денеска неформален самит во Брисел, а главни теми се кризата во Украина, сузбивање на тероризмот и економската состојба на Унијата.

Дискусијата за украинската криза најмногу ќе зависи од исходот на средбата во Минск.

Освен тоа, шефовите на држави или влади на Унијата ќе разменат ммислења за борбата со тероризмот, а особено за проблемот на граѓаните на ЕУ кои се дел од Исламска држава и останати екстремистички организации на Блискиот исток.

Најавено е дека третата тема на самитот ќе биде подобра координација на членките со цел решавање на економската криза и проблемите со невработеноста.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина