Не стивнува бранот илегални емигранти кон Малезија

Од:

Повеќе бродови што носат прегладнети имигранти чија цел е Малезија, во последниве три дена се спречени да пристапат до брегот на Малезија.

Според денешната изјава на првиот адмирал на таа држава Тан Кок Кви, Малезија го зголеми бројот на патролни чамци и, хеликоптери и авиони кои го контролираат морето во протокот Малака. Адмиралот Кви не ги соопшти податоците за тоа колку бродови има во тоа подрачје и од кои држави се бегалците. Тој само го потврди податокот дека до преземањето на акциите за спречување на илеглната емиграција на малезискиот брег, преку новата „траса’’ дошле над 1.100 бегалци.

Преминот Малака е новата дестинација на бродовите што пренесуваат бегалци од Мјанмар и Бангладеш, од кога Тајланд, по откривањето на масовни гробници на илегалните емигранти ги затвори патиштата по кои, во првите три месеци од годинава преку Тајланд во Малезија преминале над 25.000 бегалци. Податоците за бројката на бегалците ги потврди и канцеларијата за бегалци на ОН во Бангок.

Тајланд пред една недела побара акцијата за запирање на масовната илегална емиграција да биде координирана на највисоко ниво со Мјанмар, Малезија и Индонезија. Во почетокот на идната недела треба да се одржи состанок на министрите за надворешни работи на четирите земји кои ќе ја усогласат политиката за запирање на емиграцијата што во содејство со Обединетите Нации ја подготвуваат експерти за оваа проблематика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски