Пакистанскиот премиер најави преговори со талибанците

Од:

Новиот пакистански премиер, Шариф, ја најави можноста за преговори со талибанците, кои речиси цела деценија водат војна против државата.

Неговиот соперник во текот на изборите, водачот на неонационалистичката партија, Имран Кан, исто така, е заговорник на преговори со талибанците.

На овој начин двете најсилни опозициски партии се обединија во оваа замисла, пишува НБЦ. Мислењата, сепак, и натамусе поделени. Воениот командант, генерал Асфал Первез Касани, тврди дека нема сомнение дека е ова пакистанска војна и затоа го повика народот на борба и помош за војниците кои „не можат војната да ја водат самите“.

Талибанскиот портпарол, Исанула Исан, изјави дека талибанците биле подготвени на разговори и со поранешната влада, но сега се надеваат дека новата влада на Шариф во план има некои нови решенија.

Државата досега во војната против талибанците изгуби 100 милијарди долари, а 40.000 цивили го загубија животот, тврдат претседателот Асиф Али Зардари и пакистанскиот Одбор за човекови права.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран