НАТО: Украина мора да исполни серија услови за прием

Од:

Претставници на НАТО денеска мошне внимателно реагираа на напуштањето на политиката на неутралност од страна на Украина и нејзината желба да се приклучи кон Алијансата, укажувајќи дека земјата пред приемот мора да исполни серија услови и критериуми.

– Нашата врата е отворена, а Украина може да стане членка доколку тоа го побара, ги исполни стандадите и се придржува кон усвоените принципи, изјавија претстаници на НАТО пред новинарите во седиштето во Брисел, јави Танјуг.

Ова е формулација, која фунционерите и дипломатите на НАТО и претходно ја повторуваа, откако Владата во Киев најави дека ќе се откаже од прокламираната политика на неутралност.

Украина денеска со одлука на Парламентот ја поништи претходната резолуција, која обврзуваше на воена неутралност, а претседателот Петро Порошенко изјави дека ќе бара прием во НАТО.

Неофицијално бриселски дипломатски извори велат дека меѓу земјите-членки не постои единствен став за приемот на Украина во Алијансата и оти Киев нема во брзо време да добие покана за зачленување.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје