НАТО ги повика сојузниците да се обединат за темите што ги сплотуваат, а не околу тие што ги делат

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги повика Холандија, Германија и Турција, кои влегоа во жесток вербален конфликт за референдумот за турското државно управување, да го намалат тонот и да се обединат околу тоа што ги сплотува, а не да бараат теми кои водат кон поделби.

Тензичната дебата е во срцето на демократијата, но неопходно е взаемно почитување, ги повикувам сите сојузници да го покажат тоа и да го зачуваат мирот, изјави Столтенберг. – Важно е да се фокусираме на заедничките закани, а не на темите кои не делат. Важно е да има дијалог, додаде тој по повод заладувањето на односите меѓу посочените три држави членки на Алијансата.

– Референдумот ќе го определи видот на власта во Турција, ќе го признаеме резултатот, добро е доколку процесот биде демократски. Секоја држава членка на НАТО сама решава дали нејзиното управување ќе биде претседателско или парламентарно, додаде генералниот секретар.

Тој информира дека оставарил контакти со владите на Холандија и Турција, кои ги повикал да го зачуваат мирот.

– Не можам да споделам детали за разговорите, но навистина верувам дека треба да се фокусираме врз опасностите надвор од границите на НАТО, посочи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски