Населението на Земјата над 7,057 милијади луѓе

Од:

Бројот на населението на Земјата достигна 7.057.608.000 лица, изјави портпаролката на германскиот Фонд за светско население, Уте Шалмајстер.

– Двигател на растот на населението на планетата се земјите во развој, истакна Шалмајстер.

Во Африка бројот на населението во 21. век ќе се зголеми до 3,5 милијарди луѓе. Најголем раст на бројот на жители на Црниот континент се очекува во регионите јужно од Сахара, каде секоја жена во просек раѓа по пет деца.

Портпаролката на Фондот го истакна заострувањето на проблемите, кои се поврзани со зголемувањето на населението.

– Иако, голем број африкански земји постигнаа успех во борбата со гладта, процентот на гладни во земјите во развој останува 16 отсто. Владите на овие земји не можат да го прехранат населението, нагласи Шалмајстер.

Проблем претставува и недостигот на вода, што веќе е причина за голем број конфликти и војни. Годишно населението на Земјата се зголемува за околу 80 милиони лица.

Денеска е Светскиот ден на населението, кој е прогласен од ОН во 1989 година.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ