НАСА го сними најстарото ѕвездено јато во маглината Тарантула

Од:

Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА успеа подробно да го сними најстарото ѕвездено јато во подрачјето на маглината Тарантула, дел од галаксијата Голем Магеланов Облак, којашто е оддалечена 160.000 светлосни години од Земјата, откривајќи нови карактеристики што ги продлабочуваат претходните научни сознанија за ѕвездите во зародиш.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездите во маглината, официјално наречена 30 Дорадус, долго време се подрачје на интерес за астрономите околу настанокот и формирањето ѕвезди. Благодарение на инфрацрвените инструменти на „Веб“ со висока резолуција, првпат се видливи илјадници млади ѕвезди, далечни галаксии и подробната структура на гасот и прашината во маглината.

„Џејмс Веб“ е револуционерен вселенски телескоп вреден девет милијарди долари. Стопати е почувствителен од телескопот „Хабл“ и се користи за набљудување на пространството во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да навлезе во облаците од гас и прашина во областите каде што се раѓаат ѕвездите.

Сликите откриваат постудени подрачја, како и досега невидени светлосни точки во ѕвезденото јато коишто укажуваат на ѕвезди во зародиш, или „протоѕвезди“, кои сѐ уште добиваат маса.

Интересот на астрономите за маглината Тарантула произлегува од нејзиниот хемиски состав сличен на оној на огромните пространства каде што ѕвездите се обликувале неколку милијарди години по Големата експлозија.

Астрономите се уверени дека „Џејмс Веб“ најавува нова ера вселенски откритија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со посета на седиштето на НАСА, Макрон ја почна посетата на САД

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Ракетата на НАСА полета кон Месечината

Ракетата на НАСА треба утре да полета кон Месечината

Ана Ололовска

Прво полетување на руски астронаут од САД по 20 години

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: НАСА заби вселенско летало во астероид

Катерина Павлова-Николовска