Најстарата ќерка на Берлускони ќе застане на чело на партијата?

Од:

Одбивањето на жалбата на пресудата за затајување данок за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, ги поттикна шпекулациите дека на чело на неговата партија на десниот центар Народ на слободата може да дојде неговата најстара ќерка, 47-годишната Марина.

Неуспехот на италијанскиот политичар и медиумски могул во обидите да се справи со пресудата минатата недела значи дека се соочува со домашен притвор или општествено корисна работа, што би можело да биде премногу и за неговата вештина на водење кампањи, коментираат светските медиуми.

Според некои аналитичари постои веројатност на есен тој да биде исфрлен од Сенатот, така што нема да може да се кандидира на изборите.

Сенатскиот одбор денеска ја почнува расправата за тоа дали Берлускони ќе биде исфрлен од Парламентот, но одлуката веројатно нема да биде донесена пред следниот месец, кога Сенатот ќе гласа за ова прашање.

Марина Берлускони е на чело на деловната империја на поранешниот премиер, вредна 6,6 милијарди долари, меѓутоа таа јавно одбива да се вклучи во политиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ