Од морето извлечени се пет тела на мигранти, чиј брод потона додека се обидувале да го поминат Средоземно Море за да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, соопшти Крајбрежната стражана Тунис.
Крајбрежната стража се уште трага по пет Тунижани, за кои роднините тврдат дека биле на бродот кој во текот на неделата отплови од Зарзис.
Трговците со луѓе се повеќе го користат Тунис како почетна точка за мигрантите кои сакаат да пристигнат во Европа, бидејќи либијската крајбрежна стража, со помош на вооружени групи, ја засили контролата.
Многу луѓе заминуваат од Тунис поради невработеност и инфлацијата. Во јуни годинава загинаа најнмалку 80 мигранти, кога потона брод во близина на Тунис.