Најмалку пет лица загинаа во поплави што го зафатија североисточниот дел на Малезија, а над 120.000 се евакуирани од своите домови.
Источното крајбрежја на Малезија често е на удар на поплави за време на сеозната на монсунски дождови, но обилните дождови и силни ветрови предизвикаа една од најголемите поплави во ова подрачје во изминатите неколку децении, јави Би-Би-Си.
Над 120.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, откако метеоролошките служби објавија предурпедување во североисточните сојузни држави Келантан, Теренган и Пахаг.
Спасувачките екипи прават напори да стигнат до поплавените области, додека жртвите во поплавите ја обвинуваат владата дека премногу бавно доставува помош.