Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени при вчерашната експлозија на бомба поставена во комбе во Кабул, соопштија авганистанските власти.
Засега никој не презел одговорност за нападот.
Тоа е втора експлозија за две дена во Кабул, каде расте загриженоста за безбедноста воочи Рамазан бајрам, што денеска, првпат по 20 години, ќе биде одбележан под власта на талибанците.
Пред два дена настрадаа повеќе од 50 луѓе во силна експлозија во џамија во Кабул.
Извор: МИА