Најмалку девет загинати при двоен самоубиствен напад во Либан

Од:

Најмалку девет лица загинаа, а 37 се ранети минатата ноќ кога двајца бомбаши-самоубијци се саморазнесоа во едно кафуле во северниот либански град Триполи, соопшти Министерството за здравство на Либан.

Како што јави ДПА, нападот се случил во населбата Џабал Мохсен, каде повеќето жители важат за поддржувачи на сирискиот претседател Башар ел Асад.

Во кафулето прво се разнел едниот бомбаш-самоубиец, а кога гостите почнале да бегаат од објектот и вториот напаѓач близу до излезот го активирал експлозивот што го носел на себе.

Одговорност за нападот презеде групата Џебхат ал Нусра, огранок на терористичката мрежа Ал Каеда, која преку Твитер објави дека тој е дело на двајца нејзини припадници со цел „да се одмаздат за убиените сунити во Сирија и Либан“. Како што јави ТАСС, покрај Ал Нусра и џихадистичката група Исламска држава презела одговорност за нападот.

Во Триполи често доаѓа до судири меѓу сунитите и алавитуте, кои зачестија последните години со избувнувањето на граѓанската војна во Сирија.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан