Најмалку девет лица загинаа во експлозија во Бејрут

Од:

Најмалку девет лица загинаа и 30 се повредени денеска во моќна експлозија во јужниот дел на Бејрут во близина на комплекс, користен од либанската шиитска организација Хезболах.

Според oчевидци во експлозијата се урнати најмалку пет згради.

Неколку минути по експлозијата телевизијата Ал Мајдин, која е блиска до Хезболах, објави дека има блокирани луѓе во оштетените згради.

Религиозните тензии во Либан се зголемија по вклучувањето на борци на Хезболах во граѓанската војна во Сирија на страната на режимот на Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан