Најмалку 50 џихадисти се убиени од сириската војска во близина на Либан

Од:

Најмалку 50 џихадисти се убиени во судирите меѓу сириската армија и либанското шиитско движење Хезболах во Каламун, во близина на границата со Либан, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

– Убиените џихадисти се од радикалните групи „Исламска држава во Ирак и Левантот“ и Фронтот ан Нусра, кој е сириски огранок на Ал Каеда, потврди директорот на невладината организација Рами Абдел Рахман.

Воен извор соопштил дека армијата се обидела да спречи обид на терористи да влезат од либанска територија во реонот на Каламун и повеќето од нив биле убиени.

Во борбите, кои започнаа вчера и траеја до денеска изутрина, загинале седум војници на сирискиот режим и на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати