Најмалку 45 лица загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето по дождовите кои ги погодија јужноафриканскиот пристанишен град Дурбан и провинцијата КваЗулу-Натал, соопштија денеска локалните власти.
„Неодамнешните извештаи покажуваат дека повеќе од 45 луѓе ги загубиле животите како последица на поројните дождови, бројка која може да се зголеми бидејќи се добиваат повеќе извештаи“, се вели во соопштението на локалната служба за справување со непогоди.
Извор: МИА