ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

Од:

87-годишна жена е спасена откако три дена била заробена со телото на нејзината мртва снаа по поплавите во Валенсија.

Пожарникарите ја однеле пензионерката на сигурно откако нејзината внука алармирала дека исчезната.

Првичните извештаи на шпанските медиуми укажаа дека жртвата од поплавата била спасена од автомобил, но подоцна се дозна дека таа била заробена во нејзиниот дом во Масанаса во близина на Валенсија.

Друга жена беше најдена жива во автомобил во блискиот Бенетусер, откако спасувачите ги слушнале нејзините повици за помош.

Денеска на волонтерите им беше наредено да се држат настрана од речиси десетина градови во близина на Валенсија, кои беа најмногу погодени од поплави, откако беше објавено ново временско предупредување за областа.

Портокалова тревога е на сила за Валенсија и соседната провинција Кастелон. Во Алберик југоисточно од Валенсија од рано изутрина беше забележан пороен дожд.

Спасувачките тимови трагаат по повеќе жртви заробени во преплавените гаражи и автомобили во Валенсија за време на невремето, кое доведе до повеќе од 200 смртни случаи, а 2.000 се водат како исчезнати.

Во саботата, шпанската влада нареди распоредување на 10.000 војници и полицајци во зоната на катастрофата од поплавите во Валенсија.

Би можело да ве интересира

Протест во Валенсија – 100.000 луѓе бараа оставки поради поплавите

А1он

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

Шпанците се опоравуваат од невидена катастрофа: „Ова ќе потрае многу долго“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски