ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Од:

Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави во југоисточна Шпанија, соопшти регионалната судска власт во Валенсија.

Во бројката се вклучени само оние чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството. Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите.

Сепак, може да има и други лица чие исчезнување не е пријавено или чии информации се уште не се дадени.

„Се уште има исчезнати лица кои треба да се најдат“, рече премиерот Педро Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Пред една недела реките се излеаја по обилните дождови, а поројот однесе најмалку 217 животи. Форензичарите досега идентификувале 133 лица.

„Домовите и деловните објекти се уништени, затрупани под кал, а се уште има многу луѓе без потребната храна. Мораме да продолжиме да работиме“, рече Санчез.

Тој додаде дека Владата ќе одвои 10,6 милијарди евра за помош на настраданите.

Метеоролошката служба АЕМЕТ во вторникот извести дека „нестабилноста ќе се зголеми во медитеранската област и на Пиринеите во наредните денови“.

„Очекуваме обилни врнежи на Балеарските Острови, Каталонија и провинцијата Валенсија. Но, нема да има ни приближно толку дожд како минатата недела“, објави АЕМЕТ преку социјалната мрежа Х.

Би можело да ве интересира

Протест во Валенсија – 100.000 луѓе бараа оставки поради поплавите

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови