Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Од:

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите.

Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.

-Во Село Батинци, во Маркова Река има надојдено повеќе вода. На неколку места има излевање од речното корито. Ангажиравме две-три машини малку да ја санираме состојбата. Не знаеме дали ќе продолжи уште, засега има прекин на врнење на дождот, а во околните куќи околу Маркова река има влезено вода во дворовите. Мислам дека за населението не е многу ризично за евакуација, засега има материјални штети по дворовите на неколку домаќинства, рече тој.

Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу, додаде дека нема опасност од поплави, и се во постојана координација со градоначалникот на Кисела Вода и Студеничани.

-Нашите екипи се упатени на лице место, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски