Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова Река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај.

– Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода, и истите ќе интервенираат по потреба во текот на денот. Досегашните информации покажуваат дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите, освен моментално евидентирана материјална штета, наведува Дирекцијата за заштита и спасување во објава на Фејсбук.

Поради врнежите од дожд, синоќа дојде е до излевање на Маркова Река кај населеното место Љубош поради што беа поплавени неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски