Најмалку 32 деца загинаа при пожар во автобус во Колумбија

Од:

Најмалку 32 деца загинаа вчера откако избил пожар во автобусот со кој се превезувале во северниот дел на Колумбија, соопштија локалните власти.

Во несреќата, која се случила во градот Фундасион, повредени се 24 деца и едно возрасно лице, кои се здобиле со изгореници по телата. Тие веднаш биле пренесени во болница и се наоѓаат во критична состојба, поради што постои опасност бројот на жртвите да се зголеми.

– Поголемиот дел од патниците во автобусот, кои се враќале од црковна служба во евангелистичка црква, биле деца и тоа на возраст меѓу една и осум години, изјави градоналачничката на Фундасион, Лус Стела Дуран.

Таа истакна, според тврдењата на очевидец, дека возачот на автобусот, кој избегал по несреќата, превезувал контејнер со бензин.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски