Најмалку 25 загинати во двоен напад во пакистанскиот град Квета

Од:

Најмалку 25 лица загинале, а околу 40 се ранети вчера во два бомбашки напада, проследени од судири во престолнината на пакистанската југозападна провинција Белуџистан, сооопштија локалните власти, цитирани од француски медиуми.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но градот пред извесно време беше арена на најкрвавите верски расправии во Пакистан оваа година, почнати од сунитските екстремисти против шиитското малцинство, забележаа француските медиуми.

Четиринаесет студентки беа убиени, а околу 20 ранети во првиот атентат изведен во автобусот со кој тие патувале, сооопшти пакистанскиот министер за внатрешни работи Чаудри Нисар.

Автобусот превезувал студентки од универзитетот „Сардар Бахдур Хан“, единствениот во градот, наменет исклучиво за жени.
Малку потоа втора експлозивна направа била активирана во болницата, во која биле однесени жртвите и настраданите во првиот атентат.

-Загинаа уште осум лица и ранети се уште 17, рече порпаролот на паравоените сили на Пограничниот корпус. Во моментот на вториот напад болницата била нападната од најмалку петмина вооружени мажи, кои отвориле оган врз многубројните претставници на полицијата и локалната управа, кои дошле на ова местото по првиот атентат.

Според телевизијата, луѓето ги фатило паника, а во пукањето бил убиен најмалку еден локален функционер и ранет уште еден. Борбите завршиле по два-три часа со смртта на четворица од напаѓачите и апсење на петиот, посочуваат властите во провинцијата.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран