Најмалку 25 лица убиени во џамија во Сирија

Од:

Најмалку 25 припадници на Нусра фронтот, група поврзана со Ал каеда, се убиени во експлозија во џамија во сириската покраина Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Експлозијата се случила во градот Ариха, на северозападот на Сирија, во момент кога припадници на Нусра фронтот се собрале во џамијата на „ифтар“, оброк за време на муслиманскиот свет месец рамазан.

Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот, но приврзаници на Нусра фронтот за него ги обвинуваат своите ривали од екстремистичката Исламска држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град