Најмалку 20 проектили испукани од Сирија паднаа на територија на Либан

Од:

Најмалку 20 ракети испукани од Сирија паднаа денеска во погранични региони на Либан придувајќи локални жители да напуштат домови и да побараат засолниште, јави ДПА.

Либанската полиција соопшти дека екстремисти стационирани во сирискиот граничен регион Кусеир продолжуваат со гранатирање шиитски села во Либан.

Шеснаесет проектили експлодирале денеска во планинска област близуградовите Наби Шит, Џанта и Брител, ракетите нанеле материјална штета. Четири проектили испукани од Сирија експлодираа денеска во источен Либан без да причинат жртви.

Во Балбек центар на источната провинција Бека ноќеска било пукано во шиитска џамија. Приведени се четворица Сиријци осомничени за нападот.

Пред три дена сунитската радикална група Џебхат ан Нусра која војува на страната на сириските бунтовници, се закани со војна против Хезболах ако не ги повлечат сите борци од реонот на градот Кусеир.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени