Најмалку 17 повредени во експлозија во зграда во Мадрид

Од:

Најмалку 17 лица се повредени, од кои еден човек е во тешка состојба, во силна експлозија што се случи денеска во четирикатница во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти.

Спасувачките екипи се на лице место, во четирикатница која се реновира во центарот на Мадрид и трагаат по луѓе кои можеби се заробени внатре.

Додека повеќето се со полесни повреди, четири лица се префрлени во болница, а еден човек е во тешка состојба, изјави градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, додавајќи дека причината за експлозијата сè уште не е позната.

– Во зградата, којашто се наоѓа во луксузната населба Саламанка, се изведувале некои работи при што дошло до експлозија, изјави градоначалникот.

Според него, пожарникарите се на терен за да ја „проверат конструкцијата на зградата и да утврдат дали има уште луѓе внатре“.

Портпаролката на брзата помош изјави дека училиштето од другата страна на улицата не е оштетено и оти нема потреба децата да се евакуираат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски