Најмалку 14 лица загинаа синоќа при вооружен напад во реонот на Кабалија во северниот дел на Алжир, соопшти алжирското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека при нападот од заседа врз армиски конвој загинале 11 алжирски војници и тројца од напаѓачите, како и дека петмина припадници на Вооружените сили се ранети.
Кабилија е планиски регион, што се наоѓа на околу 100 километри источно од алжирскиот главен град Алжир, и важи за упориште на терористичката група Ал Каеда на Исламскиот Магреб.
Синоќешниот напад следи по изборите во четвртокот на кои актуелниот претседател на Алжир, Абделазиз Бутефлика беше резибран на функцијата за четврти мандат.