Најмалку 12 загинати војници во железничка несреќа во Пакистан

Од:

Најмалку 12 пакистански војници загинаа денеска, откако четири патнички вагони од композицијата паднаа во канал поради уривање на мост во провинцијата Пенџаб.

Армијата соопшти дека возот излетал од шините во близина на градот Гуџранвала. Спасени се 80 патници, од кои пет се тешко повредени.

Според воен портпарол, во несреќата загинале 12 војници, вклучително командант на единица. Спасувачката операција продолжува.

Претходно претставник на армијата и локалните власти јавија дека возот превезувал војници од провинцијата Синд. Според нив стотици војници се вклучиле во спасувачката операција, а специјалци од вооружените сили започнале со проверка на мостот, со цел да ги утврдат причините за уривањето.

Портпаролот на пакистанските железници изјави дека друг патнички воз, што превезувал стотици луѓе, минал преку истиот мост околу 90 минути пред несреќата. Засега се претпоставува дека станува збор за несреќен случај, но истрагата продолжува.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран