Најмалку 11 загинати во експлозија во сирискиот град Африн

Од:

Во експлозија на автомобил бомба денеска во сирискиот град Африн загинале 11 лица, а има и многу ранети, соопштија медицински извори и воената надзорна група. Минатата година овој град, што дотогаш го контролираа курдските борци, беше заземен од бунтовниците кои уживаат турска поддршка.

Експлозијата одекнала на влезот во градот и во неа загинале цивили, меѓу кои има и деца, соопшти воената надзорна група на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, чие седиште во Велика Британија.

Центарот и медицинските извори соопштија дека уште многу други цивили се ранети во експлозијата, од кои некои имаат многу тешки рани.

Африн се наоѓа северно од Алепо, во близина на турската граница. До минатата година Африн беше под контрола на курдските Сили за заштита на народот, кога бунтовниците, во офанзива поддржана од турските сили, го зазедоа и градот и неговата околина.

Иако засега се завршени борбите од поголеми размери, во многу делови на Сирија владее видлива несигурност заради бомбашки и други напади што за свои цели ги имаат токму цивилите, а ги изведуваат сите засегнати страни во судирот.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град