Најмалку 100 африкански мигранти, меѓу кои и пет деца, се удавиле во близина на либискиот брег при обид да пристигнат на европска територија, изјави претставникот на либиската крајбрежна стража, Абдел-Латиф Ибрахим.
Тој истакна дека телата на мигрантите се пронајдени покрај брегот на либискиот град Ал-Карбули, на 50 километри источно од Триполи.
Нивниот брод, во кој се наоѓале вкупно 250 луѓе, потонал во петокот ноќта, а либиската крајбрежна стража и понатаму е во потрага по преживеани.