(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

Од:

Жителите и спасувачите во уништениот либиски град Дерна се обидуваат да се справат со илјадниците трупови кои се распаѓаат под урнатините. Светската здравствена организација и другите хуманитарни групи ги повикаа властите во Либија да престанат да ги закопуваат жртвите од поплавите во масовни гробници, велејќи дека тие можат да предизвикаат долготрајна емоционална болка за семејствата или да претставуваат ризици по здравјето ако се во близина на вода.

Во извештајот на ОН се вели дека повеќе од 1.000 луѓе се закопани на тој начин откако Либија, нација поделена со децениски конфликти и политички хаос, беше погодена од силен дожд во неделата што предизвика пукање на две брани.

Илјадници се убиени, а илјадници се водат за исчезнати, бројот на загинати во моментов е 11.300, соопшти либиската Црвена полумесечина, но се стравува дека бројот сигурно ќе биде многу поголем.

„Тела се закопани на улиците, под урнати згради и урнатини. За само два часа, еден од моите колеги изброи над 200 тела на плажата кај Дерна“, изјави Билал Саблух, менаџер за форензика за Африка при Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски