На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

Од:

Спасувачките тимови од Малта пронајдоа неколку стотици тела на жртви од катастрофалните поплави на плажата во либискиот град Дерна, соопштија денеска властите на Малта.

„Имаше околу 400 тела на плажата според прелиминарните проценки, иако е тешко да се каже точниот број“, изјави шефот на спасувачката екипа Наталино Безина за Тајмс оф Малта.

Таа земја испрати тим од 72 спасувачи, припадници на војската и цивилната заштита.

Четиричлениот тим најпрвин пронашол група од седум тела, меѓу кои и три деца, во пештера покрај морето.

Тимот продолжи со потрагата за откривање на мал залив полн со безживотни тела. Според последните податоци, повеќе од 11.000 луѓе загинале во поплавите во Либија, додека 10.000 се водат за исчезнати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани