Најавени нови протести во Унгарија против намерата на властите за одданочување на употреба на интернет

Од:

На улиците во унгарскиот главен град денеска се очекуваат нови демонстрации против намерата на властите со закон да воведат одданочување на употребата на интернет.

Премиерот Виктор Орбан по протестите во неделата на кои демонстрираа над 10.000 луѓе, најави дека ќе поднесе амандман на предлог законот со кој се предвидува воведување данок на количината податоци преземени од интернет.

Орбан рече дека вкупниот месечен износ на данок за физички лица нема да надминува 700 форинти (2,27 евра). Демонстрантите засега не се изјаснија по повод неговиот предлог.

Тие во неделата на Фидес и дадоа рок од 48 часа да го повлече спорниот предлог закон, но од владејачката партија одбија тоа да го сторат во парламентот, потег што го поттикна и најавениот денешен протест.

Во меѓувреме шест луѓе беа приведени поради вандализам откако маскирани демонстранти фрлаа врз седиштето на партијата со тастаури и други делови од стари компјутери со повици – Слободна Унгарија, слободен интернет.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон