Над 900 убиства извршени минатиот месец во Ел Салвадор

Од:

Над 900 убиства се извршени во Ел Салвадор во август годинава, што го прави најкрвав месец по граѓанската војна во земјата во периодот од 1980 до 1992 година, соопшти локалната полиција.

Минатиот месец во централноамериканската држава со население од 6,3 милиони лица се регистрирани 907 убиства. Вкупно 4.232 лица се убиени од почетокот на годината во Ел Салвадор, една од земјите со највисоко ниво на насилство во светот, пренесува БТА.

За споредба во периодот јануари-август минатата година биле регистрирани 2.533 убиства.

Заедно со соседните Гватемала и Хондурас Ел Салвадор е арена на дејствување на жестоки организирани криминални групи, кои редовно се користат со насилство. Властите во борбата против криминалните групи ја вклучија и армијата, така што, низ земјата патролираат околу 7.000 војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ужас во Ел Салвадор, најмалку 12 жртви во навивачко стампедо

ВИДЕО: Брутален нов мегазатвор во Ел Салвадор

Ана Ололовска

Во Ел Салвадор за 50 дена уапсени 30.000 членови на криминални банди

А1он

Парламентот на Ел Салвадор воведе вонредна состојба поради насилството на криминалните групи

Ана Ололовска

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

Ана Ололовска