Во судири за време на претседателските избори во Алжир се повредени вкупно 41 лице.
Инцидентот се случил во градот Буира, југоисочно од главниот град Алжир, кога се судриле жандармеријата и локалните жители.
Инцидентите почнале веднаш по отворањето на гласачките места кога група млади луѓе ги уништиле гласачките кутии во населбите Рафур, Мшедела и Сахариџ.
Жандармеријата употребила солзавец за да ја растера групата која се обидувала да ги спречи граѓаните да гласааат. Во судирите се повредени 41 лице, од кои 28 припадници на жанрармеријата.
Во главниот град Алжир, каде има засилено полициско присуство, се уапсени пет лица кои извикувале антивладини пароли.
Алжирскиот министер за внатрешни работи Тајеб Белаиз изјави дека гласањето се одвива во добри услови на 50.000 изборни места.
Коалицијата од пет опозициски партии повика на бојкот на изборите, а движењето Баракат (Доста е!), кое е против четвртиот мандат на претседателот Абделазиз Бутефлика, соопшти дека денешните избори се неважни, но не повика на бојкот.