Началник на сириското разузнавање им се приклучи на бунтовниците

Од:

Началник на сириското надворешно разузнавање денеска во кратка видео порака, објавена на интернет од сириската опозиција, изјави дека поднесува оставка и им се приклучува на бунтовниците.

– Јас, Џума Фараџ Џасем, началник на одделот 30 од службите за надворешно разузнавање при Генералната команда на разузнавањето, објавувам бегство од овој криминален режим и ќе се приклучам кон благословената револуција, се вели во видео изјавата на маж кој е облечен во цивилна облека.

Засега се уште не е проверена автентичноста на снимката.

Од почетокот на бунтот против сирискиот режим во март 2011 година, кој прерасна во граѓанска војна, неколку високи функционери преминаа на страната на бунтовниците, како на пример премиерот Ријад Хиџаб и генералот НунафТлас, кој му е пријател од детството на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град