Украина ја нарече Русија терористичка држава пред Врховниот суд на ОН на почетокот на рочиштата за случајот за поддршката на Москва за проруските сепаратисти обвинети за соборувањето на летот МХ17 на Малезија ерлајнс во 2014 година.
Ова е првпат правните претставници на Украина и Русија да се сретнат пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), највисокиот суд на ОН, откако Москва ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.