Обвинителот кој издаде налог за апсење на Путин: Депортацијата на децата беше нехуманo

Од:

Би-Би-Си разговараше со хашкиот обвинител кој стои зад одлуката за издавање налог за апсење на Владимир Путин за воени злосторства во Украина.

Карим Ахмад Кан вели дека депортацијата на украинските деца во Русија билo нехуманo и дека Русија можела да преземе други мерки за заштита на децата доколку сакала.

Комесарката за деца на Путин, Марија Лвова-Белова, рече дека им помагала на децата евакуирајќи ги од воените зони.

„Доколку постоеше опасност во одредена област, тие требаше да бидат преместени во други делови на Украина, каде што немаше таква опасност“, рече Кан и додаде „Ако тоа не беше можно, требаше да им се понуди преселба во трети земји.

„Овој забрзан процес, кој Русија го спроведе давајќи им на децата странско државјанство, е нешто што бараше внимание, а исто така даде дополнителен поттик на истрагата“, рече тој.

Карим Ахмад Кан вели дека ниту еден вистински обвинител нема да започне истрага со цел, туку со докази кои потоа ја водат истрагата во одредена насока.

„Не е важно дали сте шеф на државата, некој во армијата, неказнивоста за такви работи е неприфатлива. Поединците мора да одговараат за своите постапки“, додаде тој.

„Ова е вид на криминал за кој не треба адвокат да му каже дека е срамота“, рече Ахмад Кан за злосторствата за кои е обвинет Владимир Путин.

„Оние кои мислат дека можат да вршат злосторства во текот на денот, а ноќе мирно спијат, можеби треба да погледнат назад во историјата“, изјави Кан за Би-Би-Си.

На крајот рече дека никој не помислил дека Слободан Милошевиќ ќе заврши во Хаг, но на крајот завршил. Истата судбина ја доживеаја Чарлс Тејлор од Либерија и Фелисиен Кабуга од Руанда, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

На сослушувањето пред Хашкиот суд, Украина ја нарече Русија терористичка држава

Кој е човекот кој сака да го уапси Путин – го следи обезбедување, но тој вели дека не се плаши

Горан Наумовски

Во Хаг е отворен народен трибунал кој ќе истражува убиства на новинари ширум светот

А1он

Станишиќ и Симатовиќ осудени на по 12 години затвор во Хаг, не се виновни за повеќето дела

Жарко Настоски

ВИДЕО: Ми судеше НАТО-пактот, ќе бев загрижен да ме ослободеа, порачува Младиќ по пресудата

Жарко Настоски

Младиќ ќе остане во затвор до крајот на животот, Хашкиот суд ја потврди пресудата

Жарко Настоски