Во малезиската сојузна држава Сабах денеска започна акција со која ќе се преиспитуваат и најверојатно ќе се прогласуваат за неважечки документите за малезиско државјанство, купени илегално во последниве две-три децении.
Според заменикот министер за внатрешни работи Ван Јафаар, ова ќе биде тежок процес, бидејки се работи за над 60.000 лица кои купиле државјанство на Малезија, но најголем дел од нив мислеле дека го плаќаат поради тоа што било пракса да се потплаќаат државни службеници кои ги издаваат документите.
Властите во Сабах се решија на ваква акција по објавување на податокот дека во таа држава бројот на жители во последниве триесет години пораснал дури 306 проценти, три пати повеќе од другите области во Малезија.
Според властите, најголем проблем ќе биде утврдувањето на потеклото на носителите на илегално малезиско државјанство, бидејки тие, најчесто, треба да бидат репатрирани во државите од кои дошле.
Покрај тоа, нејасно е што ќе се случува со децата, па дури и со внуците на првите илегалци кои сметале дека имаат оригинални документи за државјанство.