На Крим необјасниво исчезнуваат претставници на татарската заедница

Од:

Неколку стотици кримски Татари денеска протестираа против серијата необјасниви исчезнување на членови на нивната заедница во Крим.

Приближно 400 Татари се собраа на митингот во близина на градот Белогорск да го изразат својот револт од овие исчезнувања, од кои последното, на 25-годишниот Едем Асанов, се случи во понеделникот, јави локалната телевизија на татарски јазик АТР.

– Едем во понеделникот замина на работа и од тогаш од него немаме никаква вест, а неговиот телефон е исклучен, изјави неговата сестра.

Минатата недела непознати лица во воени униформи на сила во автобус качиле двајца млади Татари, меѓу кои бил и синот на активист на движењето за заштита на кримските Татари, посочи телевизијата.

Локалните власти почнаа истрага за грабнувањето, а премиерот на Крим Сергеј Аксјонов се сретна со претставници на татарската малцинска заедница и вети дека ќе бидат пронајдени исчезнатите лица.

Има сериозни сомнеж дека во овие исчезнувања свој удел имаат Силите за самоодбрана на Крим – проруските паравоени групи, што беа формирани на крајот на февруари.

На почетокот на март активист за заштиата на правата на Татарите беше грабнат среде бел ден од страна на членови на Силите за самоодбрана, додека сам протестираше пред седиштето на регионалната администрација против интервенцијата на Русија на Крим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он