Малезиските власти запленија 18 рогови од носорози, увезени од Мозамбик, тешки 51,4 килограми, кои вредат 3,1 милион долари, изјави денеска директорот на малезиската царинскла служба, Хамза Сунданг.
Според него малезиските службеници дејствувале откако добиле и пронашле во петокот дрвена кутија со рогови од носорог на карго терминал на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.
Роговите од носорог се користат во кинеската традиционална медицина, а според малезиските закони, нивниот увоз не е дозволен без лиценца.