Мушараф ќе остане во домашен притвор за време на изборите во мај

Од:

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф ќе остане во домашен притвор во својата вила крај Исламабад, за време на изборите во мај. Тоа го одлучи денеска суд во Равалпинди.

Во 2008 година пакистанското обвинителство го принуди Мушараф да поднесе оставка и го обвини за три случаи – убиството на поранешната премиерка Беназир Буто во 2007 година, незаконско разрешување судии во истата година и убиството на лидерот на борците за независност на Белуџистан, Акбар Бугти во 2006 година.

Минатиот месец Мушараф се врати во државата по 4-годишен егзил со надеж дека ќе учествува во парламентарните избори на 11 мај, но веднаш беше приведен. Беше поставен во домашен притвор до 4 мај во врска со делото за разрешување судии, но денеска Судот по процесот за убиството на Буто ја продолжи мерката до 14 мај. Мушараф беше на власт од 1999 година кога изврши преврат, до оставката во 2008 година. Избирачката комисија муја отфрли кандидатурата за изборите во мај.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран