Можно е Трамп да ги повлече САД од НАТО доколку сојузниците не ги зголемат придонесите

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп е задоволен бидејќи сојузниците се обврзаа дека ќе ја зголемат финансиската помош, но не ја исклучува можноста да ги повлече САД од Алијансата, доколку тие ветувања не бидат исполнети, наведе извор од Белата куќа.

– Засега претседателот е задоволен од она што го гледа. Тој гледа дека тие реагираат позитивно, наведе изворот пред првата посета на Трамп во странство, пренесува БТА.

Трамп на 25 мај ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел.

– Но ако ништо не се случи, или ако се случува многу бавно. ќе останеме „будни“, нагласи изворот.

ДПА синоќа јави дека, друг анонимен вработен во Белата куќа навел оти „Трамп нема да остане во НАТО, доколку НАТО не постигне доволно брз напредок“.

– Тој би сакал да остане во НАТО, но тој нема да остане во Алијансата, ако НАТО не постигне многу поголем напредок за многу побрзо време, истакна анонимниот вработен.

На средбата на врвот во Брисел, Трамп веројатно ќе продолжи да врши притисок врз сојузниците да ги зголемат расходите за одбрана.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата