Москва тврди дека вакцината Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта на коронавирусот

Од:

Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека првата регистрирана вакцина против коронавирусот Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта, пронајдена во Велика Британија.

Тој тврди дека вакцината е исто толку ефикасна против новата мутација, како што е и против другите, веќе познати соеви на вирусот.

– Спутник V во повеќе наврати ја покажа својата ефикасност и покрај претходните мутации на С-протеинот, изјави Дмитриев пред новинарите.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков посочи дека Русија ги следи најновите информации од британските научници за новата варијанта на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски