Моктар Белмоктар, чие борбено име е Калед Абу Ел Абас, во видео снимка објавена на мавританскиот веб сајт „Сахара Медиа“, ја презеде одговорноста во име на Ал Каеда за држењето на заложниците во „Ин Аменас“ во Алжир.
Белмоктар тврди дека е подготвен „да преговара со Алжир и Западот под услов да се прекине војната во Мали“.
– Ние, Ал Каеда, сме одговорни за оваа операција која ја благословуваме, наведува Белмоктар во видео снимката, која е од 17 јануари кога нападот се уште беше во тек, а тој зборува дека е подготвен за преговори.
Инаку, одговорноста за киднапирањето на стотина Алжирци и странски државјани во петокот ја презеде екстремистичката група од Мали „Маскирана бригада“, која побара размена на затвореници од странските земји и да се заврши француската интервенција во Мали.