Моќна магнетна бура ќе ја погоди Земјата

Од:

Моќна магнетна бура ќе ја погоди денеска Земјата и ќе ја наруши работата на електронските уреди на некои делови од планетата. Експертите предупредуваат дека бурата може да влијае и на физичката и менталната состојба на луѓето.

Според професорот Крис Деби од Универзитертот во англискиот град Рединг својата кулминација бурата ќе ја достигне денеска во вечерните часови.

Најсилните импусли на сончевиот ветер ќе бидат почувствувани од полноќ оваа вечер до три часот изутрината во недела, додава експертот.

Деби истакна дека како резултат на гигантска термонуклеарна експлозија на површината на Сонцето сега со неверојатна брзина во Вселената се движат милијарди тони огнена материја. Дел од таа маса има сопствено, моќно електромагнетно поле, кое ќе влезе во горните слоеви на атмосферата на Земјата и нејзиното магнетно поле. Како резултат на тоа ќе се појави светлина, која ќе може да се види на места, каде нема да биде облачно.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ