Могерини: Западниот Балкан стратешки приоритет на Италија

Од:

Шефицата на италијанската дипломатија Федерика Могерини денеска во Сараево потврди дека Италија за време на шестмесечното претседавање со Европската унија посебно внимание ќе посвети на Западниот Балкан.

– Западен Балкан е стратешки приоритет на нашето претседавање, бидејќи Унијата ќе мора да покаже дополнително залагање во помошта на потенцијалните членки, истакна Могерини, која е со посетата на Сараево ја почна турнејате по балканските држави.

Таа наведе дека Босна и Херцеговина не е случаен избор поради нејзините проблеми, туку затоа што „заслужува посебно внимание“.

Могерини потсети на реформите кои се неопходни да се стабилизира економијата и социјалната состојба во БиХ. Таа наведе дека проблемот со економскиот раст е предизвик за цела Европа, на која и треба длабока институционална обнова“.

– Последните избори за Европскиот парламент покажаа дека граѓаните бараат радикални промени и оти сакаат Унија која ќе работи во нивната корист и ќе биде помалку бирократска, рече шефицата на италијанската дипломатија.

Таа истакна дека и покрај актуелните потешкотии ЕУ натаму ниду можност за развој, стабилност, мир и соживот.

– За тоа да се случи БиХ мора радикално да се реформира… Ниту домашните ниту странските инвеститори во постоечките услови не се подготвени да вложуваат во БиХ, наведе Могерини, додавајќи оти не може повеќе да се пролонгираат реформите.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ